Балкан

Парламентарни избори во Хрватска на 17 април

Хрватскиот Сабор вчера ја одржа последната седница во овој мандат, по што со едногласна одлука беа распуштени 143 пратеници

Senita Sehercehajic  | 15.03.2024 - Обновена : 17.03.2024
Парламентарни избори во Хрватска на 17 април

ЗАГРЕБ (АА) - Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска соопшти дека изборите за пратеници во хрватскиот Сабор ќе се одржат в среда, на 17 април, јавува Анадолу.

Според одлуката за распишување избори за пратеници во хрватскиот Сабор, изборите на избирачките места во Хрватска ќе се одржат в среда на 17 април, додека гласањето на избирачките места во седиштата на хрватските дипломатско-конзуларни претставништва ќе се одржи ден порано, на 16 април, како и в среда на 17 април.

Според Законот за избор на пратеници во хрватскиот Сабор, денот на изборите во Хрватска е неработен.

Милановиќ донесе одлука и за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент од Хрватска, што ќе се одржат во Хрватска и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата на 9 јуни годинава.

Хрватскиот Сабор вчера ја одржа последната седница во овој мандат, по што со едногласна одлука беа распуштени 143 пратеници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.