Балкан

ИБУ на своите студенти им нуди ифтар за време на месецот на постот Рамазан

ИБУ секој ден во текот на неделата, освен викенди, приредува ифтарска софра за 200 лица во кампусот во Скопје.

Furkan Abdula  | 14.03.2024 - Обновена : 16.03.2024
ИБУ на своите студенти им нуди ифтар за време на месецот на постот Рамазан

СКОПЈЕ (АА) - Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во текот на муслиманскиот месец на постот Рамазан на своите студенти и своите вработени им нуди ифтарска вечера, јавува Анадолу.

ИБУ секој ден во текот на неделата, освен викенди, приредува ифтарска софра за 200 лица во кампусот во Скопје.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, во изјава за Анадолу истакна дека ИБУ во 2006 година започнал со образовните активности.

Тој информира дека во ИБУ студираат 3.200 студенти, од кои 1.700 се од Туркије, кои студираат во 26 програми во рамки на 7 факултети.

„Меѓународниот балкански универзитет, не само на Северна Македонија и Балканот, наскоро ќе биде еден од најважните универзитети на Европа“, нагласи Сунар.

Говорејќи за ифтарот што го приредува ИБУ, Сунар додаде: „Сега сме во месецот Рамазан. Имаме голем број студенти од странство. Со овие наши студенти секоја вечер приредуваме ифтар. Со нив доживуваме заедничка семејна атмосфера, без да се чувствуваат како да се во странство. Заедно го чувствуваме бериќетот на Рамазан.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.