Adis Karadza
14 Март 2024•Ажурирај: 15 Март 2024
САРАЕВО (АА) - Силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени ја потресе Босна и Херцеговина (БиХ) и соседните земји, јавува Анадолу.
Според првичните податоци што ги објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот е регистриран 22 километри североисточно од Билеќе.
Земјотресот ги вознемири граѓаните, но сѐ уште нема информации за настаната материјална штета или човечки жртви.