Dzihat Aliju
25 Мај 2025•Ажурирај: 28 Мај 2025
- Џихат АЛИЈУ
Паркот на вештачкото Големо Езеро во Тирана, во Албанија, познат и како „бели дробови на градот“, е преполн со посетители со доаѓањето на пролетта, јавува Анадолу.
Последниве години во Тирана се интензивираа активностите за урбан развој, а интересот за паркот Големо Езеро, кој граѓаните го опишуваат како „бели дробови на градот“, се зголемува со доаѓањето на пролетта.

Паркот, кој претставува најголем масив од зеленило во градот Тирана меѓу високите згради и камените конструкции, е меѓу најпосетуваните места од локалните и странските туристи.
Изградбата на паркот започна во 50-тите години, а во него има големо вештачко езеро со површина од околу 5 хектари, создадено во 1955 година со вода земена од околните води.
Паркот, со површина од приближно 157 хектари, каде што садењето зеленило започна во 1957 година, денес е домаќин на многу активности, од спортски до културни настани.

- Во паркот има 32.958 дрвја и грмушки, поделени на шумски дрвја, овошни дрвја и разни грмушки
Паркот привлекува големо внимание особено за време на викендите со пешачките и велосипедските патеки, детските игралишта, кафулињата на отворено, ботаничките градини, како и амфитеатарот каде што се одржуваат претстави во текот на летните месеци.
Исто така, во паркот се наоѓаат гробовите на британските и германските војници што загинале во Втората светска војна, како и на албанското кралско семејство, изградени во 2012 година.

Во паркот Големо Езеро во Тирана има вегетација од околу 32.958 дрвја и грмушки, поделени на шумски дрвја, овошни дрвја и разни грмушки.
Во паркот се наоѓаат и Паркот на демократијата „15 јули“ и Споменикот на шехидите (загинати херои) „15 јули“, изградени од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
