Furkan Abdula
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - На иницијатива на Сојузот на меѓународни демократи (Union of International Democrats - UID) во Македонија, отстранети се двете рекламни паноа на весникот „Заман“, кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО, чии канцеларии се наоѓаат во зграда во близина на Старата скопска чаршија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на УИД во Македонија, Салих Уташ, во изјава за АА, истакна дека овој весник веќе долго време има канцеларии во Скопје, и дека се вознемирени поради тоа.
Тој рече дека тие како УИД одлучиле да ја земат под кирија оваа канцеларија. „Ја зедовме канцеларијата како резултат на нашите иницијативи кои ги водиме веќе три месеци. Ја испразнивме големата канцеларија на оваа терористичка организација. Ги отстранивме рекламните паноа од двете страни на зградата. Наскоро ќе го поставиме рекламното пано на УИД така што ќе се гледа од секое место во Скопје“, додаде тој.
Уташ нагласи дека наскоро ќе го отстранат и третото пано. „Кон крајот на неделата ќе го отстраниме и паното од третата страна. Тие имаат една мала канцеларија од 50-60 квадратни метри. Ќе се движиме во насока наскоро и целосно да ги отстраниме од целиот кат“, рече Уташ, додавајќи дека канцеларијата на оваа терористичка организација која досега работела фокусирајќи се на злонамерни работи, сега ќе реализира добри работи.
Потсетуваме, на иницијатива на Халкбанк во јануари беше отстрането рекламното пано на колеџот Јахја Кемал кој има поврзаност со ФЕТО, на плоштадот Македонија. На местото каде што претходно стоеше рекламното пано на колеџот Јахја Кемал, веќе се наоѓаат рекламните паноа на Турската фондација Маариф и на Халкбанк.
Овие училишта поврзани со ФЕТО, кои се соочуваат со финасиски проблеми во Македонија, својот директорат го преместија во друга просторија. Поради намалување на бројот на ученици во колеџот Јајха Кемал, кој има два огранока во Скопје, колеџот ја напушти својата училишна зграда во Бутел, а овој објект ќе излезе на продажба.