Ekipa
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
САРАЕВО (АА) - Откажан е состанокот на официјалните лица на БиХ со Федерика Могерини, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, кој требаше да биде одржан денес, поради тоа што авионот не можеше да слета на Меѓународниот аеродром во Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини денес требаше да пристигне во посета на БиХ, откако вчера престојуваше во Црна Гора. Според планот на посетата, Могерини требаше да се состане прво со членовите на Претседателството на БиХ.
„Работам со желба да видам напредок на патот на реформите на секој од партнерите од Западен Балкан кон Европската Унија, за да се обезбеди незапирливо напредување во тој процес. Регионална соработка и добрососедските односи и понатаму остануваат исклучително важни во овој контекст“, изјави Могерини во пресрет на посетата на земјите од Западен Балкан.
Освен Црна Гора и БиХ, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, во наредните два дена би требало да ги посети Македонија, Србија, Косово и Албанија. За посетата на земјите од Западен Балкан, таа ќе ги извести министрите за надворешни работи на ЕУ на 6. март, на состанокот на Советот за надворешни работи.