Sibel Vezaj
02 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, ги оцени како многу загрижувачки последните политички случувања во Македонија, односно тоа што претседателот Ѓорге Иванов не му го даде мандатот за формирање влада на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена на неговите профили на социјалните мрежи, Тачи пишува: „Претседателот Иванов ги злоупотреби Уставот и законите со својот пристап кој е непријателски и против Албанците, кои сочинуваат една третина од граѓаните на оваа држава. Со својата одлука, претседателот Иванов ја погреба демократијата, не познавајќи ја волјата на граѓаните, Уставот и законите, и го погреба Охридскиот договор. Албанците во Македонија се конститутивен народ и Македонија треба да биде држава на сите нејзини граѓани. Без еднакви права на Албанците во Македонија, функционирањето на македонската држава го губи значењето. На крајот, Албанците треба да ја преземат судбината за своите права во свои раце“.
Инаку, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов вчера не му го даде мандатот за формирање влада на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, а како причина беше наведена заедничката платформа на албанските политички партии во земјата.
Претседателот Иванов вчера изјави дека „нема да го додели мандатот на секој оној кој преговара за платофрми на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзнинот суверенитет и независноста".