Admir Fazlagic
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - На регионалниот пат Куманово-Скопје во близина на село Никуштак, всиноќа околу полноќ се случила сообраќајна незгода во која возило „опел вектра“ управувано од непознат возач во кое се превезувале осум пакистански државјани, излетало од коловозот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи соопшти дека едно лице се здобило со тешки телесни повреди, додека кај останатите се уште не е утврден карактерот на повредите.
„Сите пакистански државјани се пренесени и задржани во Ургентен центар-Куманово. Увид на лице место извршилеа екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово", соопшти МВР.