Adel Omeragic
22 Јануари 2021•Ажурирај: 24 Јануари 2021
ПОДГОРИЦА
Северна Македонија и Црна Гора имаат исклучителна соработка, добар политички дијалог и заедно се во преземените реформи во интеграциите на Европската Унија, оценија министрите за надворешни работи на Црна Гора и Северна Македонија, Бујар Османи и Ѓорѓе Радуловиќ, јавува Агенција Анадолија (AA).
Османи престојува во официјална посета на Црна Гора каде што се состана со претставниците на црногорскиот државен врв.
На прес-конференцијата по средбата со неговиот црногорски колега Радуловиќ, Османи се заблагодари за гостопримството и рече дека оваа посета е важна за двајцата амбициозни министри кои стапиле на должност и сакаат да испратат порака за добрососедски односи.
Тој додаде дека двете држави се на пат да станат членки на ЕУ.
„Црна Гора и Северна Македонија се добар пример за две искрени пријателски земји чии граѓани се сметаат за традиционално блиски. Со колегата Радуловиќ споделуваме и други заеднички работи и вредности, двајцата имаме сериозни европски амбиции, да ја унапредуваме регионалната соработка помеѓу сите земји од Западен Балкан“, рече Османи.
Тој истакна дека процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива.
„Доколку ги погледнеме границите на ЕУ, можеме да забележиме дека Западен Балкан е опкружен со границите на ЕУ. Споделуваме заедничко наследство, заеднички предизвици, а сите имаме заеднички амбиции“, рече Османи.
Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ, на прес-конференцијата рече дека посетата на Османи е прва билатерална посета на Црна Гора од кога е формирана новата црногорска Влада.
„Црна Гора и Северна Македонија имаат исклучителна соработка, добар политички дијалог и заедно се во преземените реформи во интеграциите кон ЕУ. Нашите две држави добро се разбираат“, рече Радуловиќ.
Тој изрази уверување дека Северна Македонија ќе го надмине застојот во ЕУ-интеграциите.
„Црна Гора како пријател и сосед е спремна да пружи секаква поддршка. Констатиравме дека инфраструктурната поврзаност е клучна за соработка, особено тоа го препознаваме во енергетиката, односно препознаваме можност на инвестиции и вложувања од фондовите на ЕУ“, рече Радуловиќ.