Betül Yürük
28 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Обединетите нации (ОН), во врска со настаните по изборот на новиот претседател на македонскиот парламент соопштија дека е неприфатливо насилството врз демократските институции и некои пратеници кои беа земени како заложници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, во писменото обраќање изјавува дека со голема загриженост ги следат настаните во македонскиот парламент и апелираше на разумност.
„Неприфатливо е насилство врз демократски институции и пратеници избрани од народот. Повикуваме недоразбирањата да бидат решени по демократски пат, користејќи ги сите политички сили во согласност со Уставот“, напиша Дужарик.