Admir Fazlagic
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Одложено е рочиштето за деветмината учесници во насилството кое се случи во неодамна во Собранието на Република Македонија на 27 април, јавува Anadolu Agency (AA).
Судењето кое требаше да се одржи денеска, презакажано е за 23.мај затоа што денес во судницата не беше присутен еден од обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор.
Учесниците се товарат за кривично дело „учество во толпа“. Двајца се во притвор, а двајца во куќен притвор.
Триесетина насилници добија кривични пријави, меѓу нив двајца заработија кривични пријави за „обид за убиство“ на пратеникот Зијадин Села.
Утрово, неколку десетици граѓани се собраа пред судот, во организаија на здружението „Тврдокорни“ за да ги поддржат како што наведоа во нивниот повик „браќата што застанаа во одбрана на честа и достоинството на татковината“.
Инаку, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вчера во едно телевизиско интервју повика Собранието да ги амнестира обвинетите за случувањата во парламентарниот дом, бидејќи, како што наведе „тоа се луѓе кои биле заведени од толпа или од емоции".
Потсетуваме, вечерта на 27 април, по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, демонстрантите предводени од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија" кои се собраа пред зградата на Парламентот, на сила влегоа на сила во зградата. Како резултат на насилството од страна на демонстрантите, беа повредени околу 100 луѓе, вклучувајќи и пратеници, полицајци и претставници на медиумите.