Zylfije Adem Jakupi
11 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во земјата се детектирани нови 29 случаи на Ковид-19, така што во моментов се активни 354 случаи на заразеност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во лабораторијата на Институтот за молекуларна микробиологија во последните 24 часа се тестирани вкупно 280 примероци земени од инфективните клиники и од теренот. Позитивни се случаите на контакт, при што 13 се од општина Приштина, 8 од Обилиќ, 2 од Вучитрн и по еден во општините Призрен, Исток, Липњан, Косово Поле и Ораховец.
Од Институтот наведуваат дека еден пациент е излекуван од Ковид-19, додека вкупниот број на излекувани изнесува 913. Од 8 февруари досега извршени се вкупно 17.479 тестирања, од кои 1.298 биле позитивни на вирусот, а 31 лице починаа од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот.