Admir Fazlagic
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран претпладнево во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала. Исто така, земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени го потрсе Охридско и во утринските часови.
Се соопштува и дека уште десетина послеби земјотреси се регистрирани изминатата ноќ.
Инаку, од 18 јуни до денеска во регионот на Охрид се регистрирани над 1.000 потреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.