Senita Sehercehajic,Stipe Majic
26 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
ЗАГРЕБ (AA) - Министерот за здравство на Република Хрватска, Вили Берош, изјави дека во Хрватска е потврден втор случај на заразување со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Имаме уште еден потврден случај на коронавирусот. Сите останати тестирани се негативни“, рече Берош на конференцијата за новинарите на Стожерот на цивилната заштита на Република Хрватска.
Берош рече дека коронавирусот не претставува значително загрозување.
Хрватските медиуми пишуваат дека второто лице заболено од коронавирусот во Хрватска е брат на лицето што вчера имало позитивен наод и е хоспитализирано во Клиниката за инфективни болести во Загреб „Д-р Фран Михаљевиќ“.