Admir Fazlagic
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија поднесе две кривиничи пријави поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село Шутово.
„Првопријавениот, на 18.03.2020 година го напуштил својот дом, иако на 17.03.2020 година, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација", се вели во соопштението на МВР и се додава:
„На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека второпријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација."
Претходно денеска, МВР соопшти дека се поднесени вкупно 24 кривични пријави против 29 лица, помал дел од нив по основ на членот 205 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија – „пренесување на заразна болест“ , а повеќето по основ „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.“
Исто така, денеска беше соопштено и дека Министерството за внатрешни работи ќе одржи работен состанок со раководството на Армијата на Република Северна Македонија, на кој се се формира оперативен штаб и ќе се дефинира во кои делови Армијата може да му асистира на МВР во релизација на тековните обврски и ингеренции за справување со Ковид-19, откако вчера претседателот Стево Пендаровски прогласи 30- дневна вонредна состојба.
Во Северна Македонија, вкупната бројка на заболени лица од коронавирус се искачи на 48.