İsa Toprak
02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција, соопшти дека се депортирани тројца странски терористички борци, швајцарски државјани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се истакнува дека продолжува депортирањето на странски терористички борци во нивните матични земји.
Во овој контекст, денес, тројца странски терористички борци, швајцарски државјани се депортирани во нивните земји.