02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
АНКАРА - Големото народно собрание на Република Турција денеска го изгласа законот кој предвидува испраќање на војска во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред пратениците во турскиот Парламент денеска беше поставен Нацрт-законот за испраќање турски војници во Либија, за кој гласаа 325 пратеници, додека 184 беа против.
Турција кон крајот на ноември со меѓународно признаената Влада на национално единство на Либија потпиша два одделни меморандуми за разбирање - едниот за воена соработка, а вториот за поморските граници на двете земји во Источен Медитеран.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека потпишаните меморандуми претставуваат значајна стратешка придобивка за Турција.