Abdula Berisha
13 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за недворешни на Германија, Хаико Мас, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, каде беше примен од неговиот колега Никола Димитров, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министрите Мас и Димитров одржаа билатерална средба, а потоа следуваше состанокот на делегациите од двете министерства.
На заедничката прес конференцијата по средбата, министерот Димитров рече дека посетата е јасна порака дека Северна Македонија ужива поддршка од Германија, додавајќи дека членството на земјата во Европската унија (ЕУ) е од заеднички интерес.
„Ние имаме и како држава и како регион, но и како ЕУ, незавршена работа. Разговаравме за тоа што претстои и како таа работа да ја завршиме за да има успех и ЕУ, да имаме ние успех дома, меѓутоа, да има успех и целиот регион на Западен Балкан. Колку ние имаме интерес да бидеме дел од ЕУ, толку и земјите од ЕУ имаат интерес овој регион, кој што е географски во ЕУ, да стане суштински европски“, рече Димитров.
Министерот Мас рече дека неговата земја не е задоволна од одлуката на Европскиот совет, кој не донесе одлука за датум за почеток на преоворите со Северна Македонија, но истакна дека нема откажување.
„Можам да ги разберам луѓето во Северна Македонија кои беа разочарани од оваа одлука, и ние не се чувствувавме поинаку како сојузна влада и јас лично. Во секоја прилика ќе се заложиме за да се донесе одлука според која ќе се започнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија во ЕУ. Би рекол, можете да се потпрете на Германија“, рече Мас.
За време на неговата посета на Северна Македонија, германскиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.