Stipe Majic,Lejla Biogradlija
15 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
ЗАГРЕБ (АА) - Локалните избори во Хрватска ќе се одржат на 16 мај оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди хрватската Влада.
Во соопштението се нагласува дека првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 16 мај.
Се вели дека доколку има потреба, вториот круг од изборите ќе се одржи на 30 мај.
Последните локални избори во Хрватска се одржаа на 21 мај 2017 година. Локалните избори се одржуваат на секои четири години во мај.