Балкан

Петрит Ајети именуван за директор на Косовската разузнавачка агенција

Ајети има преку 15 години работно искуство во државните и приватните институции во областа на безбедноста

Zylfije Adem Jakupi  | 15.04.2021 - Обновена : 15.04.2021
Петрит Ајети именуван за директор на Косовската разузнавачка агенција ( Фото: Претседателство на Косово )

ПРИШТИНА 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти го именуваа Петрит Ајети за директор на Косовската разузнавачка агенција во согласност со уставните овластувања на претседателот и премиерот на Косово, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На чело на Косовската разузнавачка агенција досега беше вршител на должност затоа што Вјоса Османи како вршител на должноста претседателка на Косово и поранешниот премиер Авдулах Хоти не се согласија околу новиот директор.

Петрит Ајети е роден во Гњилане на 11 октомври 1981 година. Основното училиште и Природно-математичката гимназија ги заврши во Гњилане. Студиите ги продолжи на Воената академија „Скендербеј" во Тирана, а дипломира и Политикологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“.

Ајети беше стипендист на програмата на постдипломските студии на ЕУ „Young Cell Scheme”, при што магистрира од областа на општествената одговорност на Универзитетот „Метрополитан“ во Лондон, Велика Британија.

Има преку 15 години работно искуство во државните и приватните институции во областа на безбедноста, во Министерството за одбрана на Косово и во Министерството за внатрешни работи. Исто така, има меѓународно искуство во областа на безбедноста како цивилен добавувач на војската на САД во воените бази во Авганистан и во Косово.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın