ТИРАНА
Министерот за животна средина на Турција, Мурат Курум, истакна дека изградбата на 500 станови во Албанија, според инструкциите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по земјотресот во Албанија на 26 ноември, ќе започне кон крајот на јануари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за животна средина на Турција, Мурат Курум, во Тирана се сретна со државниот министер за реконструкција на Албанија, Арбен Ахметај.
Говорејќи на заедничката прес-конференција што се одржа по состанокот, Курум изрази сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот и им посака брзо оздравување на повредените.
Курум, исто така, ги пренесе поздравите и сочувството на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој има посебна љубов кон Албанија.
Потсетувајќи дека Турција, во текот на еден век имала 56 големи земјотреси, Курум рече дека во тие земјотреси повеќе од 80.000 луѓе ги загубиле своите животи.
Тој, исто така рече дека од братска должност, по земјотресот се обидуваат да бидат заедно со своите браќа во Албанија.
„Со инструкциите на претседателот Ердоган, Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и Националниот тим на медицински спасувачи (УМКЕ), веднаш заминаа за Албанија“, рече Курум, и додаде: „АФАД, заедно со Турската црвена полумесечина (Kizilay), ги задоволи потребите од шатори и храна на лицата кои се погодени од земјотресот. Со денешните шатори што ги испративме, бројката за нашите албански браќа се искачи на 1.500.“
Покрај тоа, како што истакна Курум, во регионот кој го зафати земјотресот, испратени се доктори и здравствен персонал за да ги задоволат потребите на граѓаните.
Курум, потсетувајќи на инструкциите на претседателот Ердоган за итна изградба на 500 станови за да се задоволат потребите за домување на граѓаните кои беа погодени од земјотресот, Курум нагласи:
„Во рамките на министерствата ги започнавме официјалните иницијативи. Во тие рамки, нашиот министер за култура и државниот министер за реконструкција [на Албанија] во Драч и Тирана, ги подготвија потребните студии. Со изградбата на 500-те станови ќе започнеме до крајот на јануари. Во изградбата ќе се спроведе модел-проектот од приземје плус 3 ката, или приземје со 4 ката, во согласност со културата на Албанија и на браќата Албанци, и во согласност со маалскиот живот. Изградбата на становите ќе започне кон крајот на јануари, и ќе заврши во рок од шест месеци.“
Курум, истакнувајќи дека министерствата на двете земји заеднички ќе работат за одредување на лицата кои имаат потреба од социјални станови, рече дека се утврдуваат и станбените едници кои се оштетени од земјотресот и дека во најкраток рок се завршени студиите за 6.000 независни станбени единици.
Тој истакна дека утре со премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе се потпише протоколот и дека наскоро ќе започне изградбата на становите според протоколот.
Според него, во текот на 18-годишното владеење на Владата на АК Партијата, во рамки на Управата за развој на јавното домување (ТОКИ), изградени се 860.000 социјални станови.
Наведувајќи дека со инструкциите на претседателот на Управата за развој на јавното домување и Министерството, по разни природни непогоди во многу земји се изградени станови, болници, училишта, Курум рече дека Албанија е една од најважните братски земји, чие пријателство датира од пред 500 години.
Курум истакна дека за време на посетата ќе имаат можност да ги посетат граѓаните на Албанија кои беа погодени од земјотресот.
Тој исто така соопшти дека тие ќе имаат можност да ги посетат граѓаните на Албанија кои страдаат од земјотресот и изрази сочувство до оние кои ги загубија животите во земјотресот на 26 ноември.
Министерот Ахметај, во своето обраќање на прес-конференцијата им се заблагодари на турската Влада, претседателот Ердоган и турскиот народ за брзата солидарност и поддршката во овој тежок период по земјотресот.
„Покрај првата помош, Турција и денес продолжува да ги поддржува граѓаните кои имаат потреба“, рече Ахметај, и додаде: „Како што се согласивме, турската Влада ќе изгради 500 станови во регионот Лач.“
Ахметај истакна дека денеска имале можност детално да разговараат за проектот, при што рече дека се работи за нешто повеќе од изградба на станови, дека проектот претставува и економски урбан модел.
Осврнувајќи се на деталите од проектот, Ахметај нагласи: „Иако рано започнаа работите за реконструкција, се планираат да се изградат околу 500 станови за граѓаните од Лач кои ги загубија своите домови. Покрај тоа, се планираат и трговски центри, училиште и две важни згради, од кои една за општината Тхумане.“
Тој истакна дека во однос на стилот, урбаниот развој и економскиот развој, концептот на проектот одговара на денешното време.
Ахметај, нагласувајќи дека проектот ќе може да се користи и како модел во други проекти, рече: „Градежниот процес продолжува со брзи чекори. Во согласност со чекорите што ги реализиравме со турската Влада и Управата за развој на јавното домување, проектот треба да заврши во текот на јули.“
Курум во рамките на посетата се состана и со албанскиот министер за животна средина и туризам, Бленди Клоси.
news_share_descriptionsubscription_contact
