Zylfije Adem Jakupi
16 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
ПРИШТИНА (АА) - Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово го одобри барањето на Канцеларијата за врски на Србија за престој на Косово на директорот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ, од 16 до 17 март, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека барањето за влез на српскиот официјален претставник во Косово се заснова на Договорот за официјални посети потпишан меѓу Косово и Србија во 2014 година во Брисел.
„МНР на Косово бара за време на оваа посета да се почитува протоколот и дневниот ред на г. Петковиќ, како и да се воздржи од политички изјави, провокативен говор и реторика против државата Косово“, се вели во соопштението.
Се додава дека непридржувањето до дневниот ред и евентуалните политички изјави против Косово ќе влијаат на одбивање на идните посети на официјални претставници од Србија.