Балкан

Косово ја отвора копнената граница со сите соседни земји

Меѓу копнените гранични премини кои ќе се отвораат е и граничниот премин Елез Хан, на границата со Северна Македонија

Agim Sulaj  | 01.06.2020 - Обновена : 02.06.2020
Косово ја отвора копнената граница со сите соседни земји

ПРИШТИНА 

Владата на Косово донесе одлука земјата да влезе во третата фаза на убалжување на мерките во борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, на заедничка прес-конференција со вршителот на должноста министер за здравство, Арбен Витиа, истакна дека од утре може да започнат со едно отворање кое не е апсолутно и потполно, но сигурно дека е значајно.

Курти рече дека затворањето на копнените граници на Косово, преку одлуката донесена на 13 март, е една од одлуките кои се укинати на овој состанок на Владата.

„На 13 март донесовме одлука за затворање на копнените граници на Косово. Денес само што ја укинавме четвртата точка на таа одлука и на овој начин ги отвораме границите на Косово. Но, сите кои ќе влезат во територијата на Република Косово ќе бидат задолжени да бидат контролирани од страна на здравствените тимови на Центрите за семејна медицина на граничните премини, и да ги спроведуваат заштитните мерки против Ковид-19“, нагласи Курти.

Министерот Витиа истакна дека Министерството за здравство заедно со Националниот институт за јавно здравје на Косово ја следеле епидемолошката ситуација и процени дека условите се доволни за отворање на третата фаза според првичниот план.

„Од утре ќе се отвораат приватните и државните градинки за група на возраст од 0-5 години. Ќе се отвораат главните копнени граници на Република Косово. После една недела, ќе се прави проценка за можноста за отворање и на воздушните граници. Ќе се отвори целосниот гастрономски сектор и сличните услуги. Ќе се отвораат трговските центри. На работа ќе се вратат сите јавни административци во сите нивоа на институциите. Ќе се отвораат сите аптеки и таксистите ќе почнат со работа“, рече Витиа.

Тој нагласи дека меѓу копнените гранични премини кои ќе се отвораат е и граничниот премин Елез Хан, на границата со Северна Македонија.

Според Витиа, сите кои ќе влезат во Косово, и имаат негативен резултат за тестирањето за Ковид-19 реализирано со методата „ПЦР“, не постара од 4 дена, нема да подлежат на процедурите за самоизолација, додека тие кои не го го поседуваат овој тест, ќе бидат во седум дневна самоизолација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.