Zylfije Adem Jakupi
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во Косово во последните 24 часа животот го загуби еден пациент од последиците на заразеност со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од последното тестирање на 818 сомнителни примероци на Ковид-19, позитивни биле 130 лица.
Од почетокот на пандемијата досега во Косово се извршени 81.704 тестирања, при што 17.139 лица биле позитивни, а 657 лица ги загубија животите како последица на заразеност со коронавирусот.
Во последните 24 часа оздравеле 71 пациент, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 14.787. Во моментов има 1.695 активни случаи на коронавирусот во Косово.