Bojana Stojanovic
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија уште две лица починаа од последиците на коронавирусот во претходните 24 часа, а заразени се нови 326 лица, што претставува пораст во однос на претходните денови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 36.608 случаи на заразување.
Хоспитализирани се 441 лице.
Од вчера, тестирани се 7.242 лица, од кои 326 се позитивни на коронавирусот.
Во истиот период, починаа две лица, со што бројот на починати досега се зголеми на 780. Процентот на смртноста е 2,13 отсто.
На респиратори се наоѓаат 25 пациенти.
Досега се тестирани 1.249.106 граѓани.