Zülfiya Yakup
23 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Основното јавно обвинителство во Призрен денес поднесе обвинение против петмина осомничени за минатогодишниот напад на Генералниот конзулат на Република Турција во Призрен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обвинението е подигнато против пет лица од Призрен, поради тоа што соучествувале во извршувањето на кривичните дела ‘загрозување на лица под меѓународна заштита’ и ‘предизвикување општа опасност’, се соопштува од косовското Обвинителство.
Во соопштението се наведува дека осомничените се товарат дека на 28. ноември 2016 година, соучествувале во извршувањето на насилен напад врз официјален објект на лицe под меѓународна заштита, кој може да ја загрози неговата личност или слобода.
Осомничените се товарат дека предизвикале општа опасност по луѓето и добрата, бидејќи со молотови коктели и со бетонски коцки гаѓале во Конзулатот на Турција, со што е предизвикан пожар во зградата и постоела голема можност од загрозување на слободата на конзулот и на другите лица во Конзулатот.