Andjelija Stojkovic
23 Февруари 2017•Ажурирај: 24 Февруари 2017
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека денес ќе се слушне со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе зборувам со него“, им рече Вучиќ на новинарите на Саемот за туризам во Белград.
Тој во неколку наврати изјави дека не сака регионот да се враќа во минатото и дека е заинтересиран само за иднината.
„Јас нема да дозволам што било да нѐ врати во минатото. Враќање во минатото нема да има. Ние не сакаме војни, не го сакаме она што може да ни го одвлече вниманието од економскиот напредок. Ние ќе успееме да се избориме, а јас ќе го сочувам образот на Србија и нема да дозволам никој да ја понижи оваа земја“, рече Вучиќ.
Запрашан за можното распишување на парламентарните избори во Србија, во исто време кога ќе се одржат и претседателските, Вучиќ изјави дека одлуката ќе биде донесена најдоцна до понеделник.
„Одлуката за парламентарните избори ќе ја донесеме во текот на викендот, најдоцна до понеделник“, истакна Вучиќ.