Agim Sulaj
17 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 19 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.878, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 279 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 158.675.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 6.079 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.144.794 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 143.333 лица. Во моментов во земјата има 12.464 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.129.250 дози од вакцините против Ковид-19.