Балкан, Коронавирус

Косово: 43 лица позитивни на Ковид-19, 3 починати

Досега се спроведени 60.235 тестирања, од кои 14.882 се позитивни на коронавирусот. Во Косово досега починаа 607 лица како последица на заразувањето со Ковид-19.

Zylfije Adem Jakupi  | 17.09.2020 - Обновена : 19.09.2020
Косово: 43 лица позитивни на Ковид-19, 3 починати

ПРИШТИНА 

На Косово во последните 24 часа починаа уште 3 лица како последица на заразувањето со Ковид-19, додека во истиот период се детектирани 43 нови случаи на заразување со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти Националниот институт за јавно здравје на Косово, во последните 24 часа се тестирани 664 примероци на коронавирусот, од кои 43 биле позитивни. Досега во оваа земја се спроведени 60.235 тестирања, од кои 14.882 биле позитивни на коронавирусот, а животот го загубија 607 лица како последица на заразувањето со Ковид-19.

Во текот на последните 24 часа оздравеа 239 лица, додека вкупниот број на оздравени изнесува 12.188. Во моментов активни се 2.087 случаи на заразени со Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın