Zylfije Adem Jakupi
06 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
ПРИШТИНА
Министерството за здравство на Косово соопшти дека во земјата, во последните 24 часа, од 4.666 тестирани примероци сомнителни на коронавирусот, 271 граѓанин се позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа, не е забележан ниту еден смртен случај. Според денешниот извештај, 15 граѓани се оздравени, додека вкупниот број на оздравени е 105.719.
Вкупниот број на активни случаи на заразување е 1.321.
Од почетокот на пандемија се тестирани 753.794 сомнителни примероци, 109.310 биле со позитивен резултат на коронавирусот, од кои 2.270 починаа.
Во последните 24 часа се дадени 8.188 дози на вакцина против Ковид-19. Од почетокот на вакцинацијата се дадени 478.084 дози на вакцина во сите градови на Косово. До денеска, 165.190 граѓани ја примија втората доза на вакцина.