Ekipa
04 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора се случи земјотрес со јачина од 5.2 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Црногорската агенција за хидрометеорологија и сеизмологија, земјотресот се случил во 11:45 часот, а епицентарот бил на 7 километри оддалеченост од Плав, на длабочина од 14 километри.
Земјотресот бил почувствуван и предизвикал паника во Андријевица, Беране и во главниот град Подгорица, но најмногу во Плав и Гусиње.
Според медиумите во земјата, во земјотресот нема жртви, туку само материјална штета односно предизвикал пукнатини во ѕидовите и оџаците на некои стари градби во Плав.