Ahmet Gençtürk
29 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
АНКАРА
Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика, Национална опсерваторија во Атина, додавајќи дека земјотресот бил со длабочина од 42,7 километри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчката официјална новинска агенција АМНА објави дека земјотресот кој се случил во 07:08 часот по локално време бил почувствуван низ источен Крит, главно во јужниот дел и во Хераклион, најнаселениот град на островот.
„Не се пријавени жртви или материјална штета“, се додава од агенцијата.
Во меѓувреме, Костас Папазахос, виш експерт по геологија на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, за агенцијата изјави дека земјотресот бил изолиран инцидент и дека нема потреба од дополнителна загриженост.