Admir Fazlagic
17 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денеска пред платото на Владата со свечена церемонија ја дочека премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, со која одржа средба а по средбата на заедничка конференција за медиумите порачаа дека Велика Британија останува заинтересирна и ангажирана за напредокот во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање премиерот Заев упати благодарност до британската премиерка Меј, за како што рече, искрената, принципиелната и мотивирачката поддршка што Велика Британија и ја дава на Република Македонија веќе 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи.
Премиерот Заев, во името на Владата на Република Македонија истакна дека Владата ќе продожи да дава причини низ демократските реформски процеси и низ добрососедсвото и меѓунаодната соработка за клучни прашања, како што е обезбедувањето на регионалниот и светски мир, да се одржат и да ги унапредат билатералните односи со Велика Британија, и Македонија да го добие заслуженото место како држва во семејството на демократиите, ЕУ и НАТО.
„Со вашето присуство овде почитувана премиерке, потврдивте дека Велика Британија останува заинтересирна и ангажирана и во напредокот во регионот. Јас сум убеден дека Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во јули во Лондон, ќе биде уште една верификација на позитивните инструменти на регионалната соработка на Западен Балкан во економијата, транспортот, безбедоста и интеграциите", порача Заев.
Исто така, премиерот Заев изрази благодарност и почит до британската премиерка поради, како што рече, пренесувањето на пораката на поддршка на стратешки цели на Република Македонија, членството во НАТО и во ЕУ.
„Евроатланските интеграции на Македонија и се важни, за нас но и за регионот. За граѓаните на Македонија значат економија и перспективи, но за регионот, за ЕУ и за светот значат стабилност и безбедност, значат спречување други фактори да застанат на патот на ваквата заедничка иднина што е интерес на сите", додаде Заев.
Британската премиерка, Тереза Меј, на заедничката прес-конференција со премерот Заев, истакна дека е горда што е првата британска премиерка што во последните 25 години ја посетува Македонија.
„Ви благодарам Заев за топлото добредојде, горда сум што во последните 25 години јас сум првата премиерка што ја посетила Македонија. Можеме да видиме што се случи по парламентарните избори, се случија големи промени, и Македонија се отвори кон другите земји. Можете да сметате на нашата поддршка. Вашата земја е интегралниот дел на Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму, иако веќе не сме членка на Европската унија (ЕУ). Ви посакувам топло добредојде на Самитот“, рече Меј.
Британската премиерка нагласи дека како на Самитот во Софија така и на Самитот во Лондон во јули, главната тема ќе биде безбедноста на регионот и руското влијание.
„Конфликтите од минатото понекогаш знаат да бидат тешки, и без решение, но еднаш за секогаш треба да се соочиме со нив. Со добра волја сите можеме да одиме напред. Ве поддржуваме во спорот за името со Грција, и сметаме дека брзото решение е повеќе од потреба. Тоа биде од голема важност за двете земји“, додаде Меј
По средбата со премиерот Заев, британската премиерка се состана со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.