Admir Fazlagic
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Во раните утрински часови локомотива удри мигрант на потегот помеѓу Железничката пруга Велес - Градско, кој почина на пат кон болница, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На потегот помеѓу Железничката пруга Велес - Градско, пред село Згрополци, локомотива удрила во едно лице - мигрант, кој се здобил со тешки телесни повреди. Tој бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите“, се вели во соопштението на МВР.
Се додава дема бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од Сектор за внатрешни работи (СВР) - Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 6:35 часот заради вршење увид.
Потсетуваме, во времето на бегалската криза во 2015 и 2016 година, Северна Македонија беше дел од таканаречената Балканска рута низ која поминуваа бегалците и мигрантите што доаѓаа од земјите на Блискиот Исток. Од март 2016 година, оваа рута официјално е затворена.
Според податоците на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ), низ Балканската рута во 2015 и 2016 година поминале над 1,1 милион луѓе.