Балкан

Ердоган и Вучиќ цврсто определени за збогатување на односите меѓу двете земји

Турскиот претседател Ердоган нагласил дека Турција ќе стори сé, не само да ги одржи, туку и да ги унапреди исклучително пријателските односи со Србија

Bojana Stojanovic  | 09.02.2019 - Обновена : 09.02.2019
Ердоган и Вучиќ цврсто определени за збогатување на односите меѓу двете земји

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во долг телефонски разговор синоќа, ја потврдија својата цврста определеност со заеднички сили да ги збогатат односите меѓу двете земји, кои веќе се на високо ниво, како политички, така и економски, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Тие изразија уверување дека низ работата на Високиот совет за соработка, како и на други начини, ќе продолжат сѐ посилно и порешително да ги унапредуваат севкупните односи и соработката во сите полиња“, беше соопштено од Претседателството на Србија.

Вучиќ го поканил Ердоган наскоро да ја посети Србија, со цел да се одржи и втората седница на Високиот совет за соработка и да се договорат нови елементи на политичката и економската соработка меѓу двете земји.

Српскиот претседател истакнал дека поддршката на претседателот Ердоган на турските инвестиции во Србија е од најголемо значење за зајакнување на економијата и подобар животен стандард на граѓаните на Србија. 

Тој се заблагодарил за новите инвестиции на компании од Турција, велејќи дека сакаат да бидат домаќини на на претседателот Ердоган и на турските инвеститори за време на официјална посета на Србија, како и тоа дека во таа пригода може да се отворат и нови погони.

Тој, исто така, му се заблагодарил на Ердоган за Законот за извоз на говедско месо од Србија во Турција, што е од непроценливо значење за српското земјоделство. Вучиќ упатил благодарност и за поддршката кон изградбата на Aвтопатот Белград - Сараево, бидејќи, како што нагласил, подоброто инфраструктурно поврзување на Србија и Босна и Херцеговина воедно е поддршка на мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Вучиќ повторил колку била значајна посетата на Ердоган на Србија во 2017 година, истакнувајќи дека за време на овогодишната посета заеднички би ги одбележале 140-те години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Претседателот Ердоган истакнал дека е многу среќен што трговската размена меѓу двете земји во 2018 година за првпат надминала износ од една милијарда евра, и дека очекува оваа размена да биде уште поголема, особено по усвојувањето на Законот за слободна трговија со Србија во турскиот Парламент. Исто така, Ердоган нагласил дека ја поддржува политиката на мир и стабилност во регионот на Западен Балкан, која ја води Србија и Вучиќ.

Тој додал дека Турција ќе стори сé, не само да ги одржи, туку и да ги унапреди исклучително пријателските односи со Србија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın