Furkan Abdula
27 Октомври 2022•Ажурирај: 28 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија соопшти дека девет скопски училишта добиле закани за поставени бомби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на МВР, на електронските адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставени бомби.
„Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на електронските адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставени бомби“, се наведува во соопштението.
„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се додава во соопштението на МВР.
Потсетуваме, вчера осум скопски училишта добија закани за поставени бомби.