Балкан

Димитров се состана со Јилдирим

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска во Анкара се состана со претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Бинали Јилдирим.

Ekip  | 17.01.2019 - Обновена : 17.01.2019
Димитров се состана со Јилдирим (Foto: TBMM / Mustafa Aktaş)

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, кој престојува во официјална посета на Република Турција, денеска во Анкара се состана со претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот Димитров, во рамките на неговата официјална посета на Турција, во Анкара се состана со неговиот турски колега, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу. По средбата двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција.

Министерот Чавушоглу и неговиот колега Димитров, пред прес-конференцијата потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.