Stipe Majic
05 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ЗАГРЕБ
Првичните непотполни анкети на Државната изборна комисија на Хрватска кои опфаќаат 22 отсто од избирачките места покажуваат дека Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 71 мандат, а Рестарт коалицијата 45 мандати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако изборните анкети беа објавени во 20 часот, се покажа дека ХДЗ освојува 62, првите непотполни резултати на ДИК во кои се обработени 22 отсто од гласачките места, се покажува дека ХДЗ освојува дури 71 пратенички мандат .
Но, во анкетата сеуште не се вклучени поголемите избирачки места, односно поголемите градови, така што резултатите можат да се променат до 23 часот, кога ќе бидат обработени повеќето избирачки места.
Прелиминарните резултати на ДИК на Хрватска покажуваат дека „Рестарт" коалицијата на чело со Социјал демократската партија (СДП) освојува 45 мандати, „Татковинското движење" 16 мандати, платформата „Можеме" освојува 4 мандати.