Ekip
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
АТИНА (AA) - Противпожарникарната служба на Грција соопшти дека уште две лица се пријавени како исчезнати по катастрофалните поплави во западното предградие на Атина, во кои досега се потврдени 16 смртни случаи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение на Противпожарникарната служба се вели дека во тек е потрага по вкупно шест лица кои се водат како исчезнати во Мандра, предградие на Атина.
Ненадејните поплави во средата, кои се случија по ноќното невреме, ги претворија патиштата во калливи реки, во коишто беа оштетени автомобили, поплавени куќи и многу фирми, а поплавен е и дел од главниот автопат.
Актуелните поплави се една од најлошите катастрофи што ја погодија Атина во последните неколку децении. Лошо време со врнежи проследени со невреме се очекуваат и денеска.