Furkan Naci Top
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
МАНДРА (АА) - Жителите на грчкиот град Мандра, кои го погодија најголемите поплави во последните неколку години, во согласност со скромните можности настојуваат да спасат се што можат, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарникарските екипи и понатаму работат на исфрлување на водата од домовите, а некои од граѓаните учествуваат во акциите на чистење.
Жителите на Мандра во разговор за Anadolu Agency (AA) со неверување раскажаа за она што им се случи.
- Во момент се исчезна
Андонис Воиуритис (86) е само еден од големиот број на Грци кои поплавите им уништија се што имаат.
„Во еден момент беше се срамнето. Поплавите однесоа се“, изјави Воуритис. Тој рече дека во последен момент се спасиле и ноќта ја поминале кај комшиите.
„Во куќата е се во потполност уништено“, изјави тој и додаде дека слична катастрофа се случила пред многу години и дека мерките кои и презеле властите не биле доволни.
Кириакос Хиропоулос, во поплавите не изгуби само материјални работи, туку и двајца пријатели.
„Вчера додека одев на работа видов само еден од нив, а подоцна дознав дека починал. Бил заробен во автомобилот и не успеал да се спаси“, изјави Хиропоулос.
Тој додаде дека во поплавите изгубиле се и дека ја пробдеале ноќта.
„Ги предупредувавме надлежните. Но општината не прави ништо освен тротоар и слично. Преземените мерки не беа доволни“, истакна Хиропоулос.
Витор Дојан во последен момент ги спасил трите деца и сопругата.
Пресреќен е што успеале да преживеат иако изгубиле се материјално што поседувале.
„Ништо не ни остана. До сега не добивме никаква помош од надлежните органи. Сами се обидуваме да сториме нешто. Единствена помош ни се неколку шишиња со вода“, изјави тој.
- Во текот на акцијата на спасување исчезнаа пет лица -
Голем број на екипи и понатаму трагаат по петте исчезнати лица. Поплавите уништија околу 300 автомобили и 20 камиони. Освен тоа, уништени се и речиси 300 стамбени и деловни објекти.
Пожарникарите добиле повеќе од 650 повици за помош и спасиле околу 90 лица.
Населението кое немаше каде да ја помине ноќта е сместено во државните и воени објекти и хотели.
Во поплавите кои ја погодија Мандра, Неа Перамос и Мегара загинаа најмалку 15 лица, а 23 лица се повредени, од кои едно потешко, а проласена е и вонредна состојба. Училиштата и сите државни институции на тоа подрачје не работат ни денеска.
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас прогласи еднодневна жалост.