Enes Canlı
16 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
ТУНИС (АА) - Турскиот сериски филм „Величествениот век Ќосем“, кој се емитува на еден приватен ТВ-канал во африканската држава Тунис, со стапка на гледаност од 48 отсто се рангира на првото место според гледаноста во земјата, пренесувa Anadolu Agency (AA).
Според податоците објавени од страна на приватна туниска компанија за рејтинг-истражување, стапката на гледаност на втората сезона, која од 6 ноември почна да се емитува во Тунис, е повисока од стапката на гледаност на другите серии на сите други канали во земјата.
Според соопштеното, овој сериски филм со стапка на гледаност од 48 отсто, го гледале 4,8 милиони лица од вкупното население на Тунис кое брои 11 милиони жители.