Mehmet Hatipoğlu
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
КОМОТИНИ (АА) - Бурата која веќе два дена ја зафати Грција, на островот Крит одзеде еден живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, вчера на островот Крит, во областа Ханја, пронајдено е телото на 61-годишното лице, чиј автомобил бил понесен од поплавата што го зафати островот.
Бурата и поројниот дожд што вчера го зафатија целиот остров, во областа Ханја, предизвикаа поплави од кои се урнаа најмалку седум моста, од кои еден историски. Поради свлечишта, сообраќајот меѓу градовите е во прекин, додека поради можноста од прелевање на реката, евакуирани се некои населени места во областа Ретимнос.
Поради бурата, во Грција се откажани голем број линии од копното кон островите во Егејското Море.