Admir Fazlagic
15 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија започна гласањето за предвремените парламентарни избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласањето започна во 07 часот, а ќе трае до 21 часот, на вкупно 3.390 избирачки места во шесте избори единици во земјата.
Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК) право на глас имаат 1. 814 263 граѓани.
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија започна гласањето за предвремените парламентарни избори ( Husamedin Gina - Агенција Анадолија )
Гласањето на овие парламентарни избори, поради актуелната пандемија на коронавирусот (Ковид-19), првпат се одвива три дена. На 13 јули, гласаа болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација.
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), своето право на глас го остварија вкупно 723 граѓани кои се позитивни на Ковид-19 или кои се во самоизолација.
Ова гласање ќе го спроведуваа посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.
На 14 јули, своето право на глас можеа да го остварат 8.855 болни и немоќни лица, 357 граѓани во 17 старски домови, 1.657 затвореници во 13 казнено-поправни установи, како и 6 раселени лица во Центарот за разелени лица.
На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија ќе учествуваат 15 коалиции и политички партии со 1.560 кандидати.
По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.