Vesna Besiç
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
САРАЕВО (AA) - Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, допатува денеска во официјална тридневна посета на Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред зградата на Претседателството на БиХ во Сараево, приредена е церемонија за свечен дочек со воени почести, по што следуваше состанок на членовите на Претседателството на БиХ и хрватската претседателка.
Планиран е и разговор на делегациите на двете држави, а потоа ќе следува и обраќање до медиумите. Грабар-Китаровиќ ќе го посети и Парламентарното собрание на БиХ и ќе одржи состанок со членовите на Колегиумот на двата дома на Парламентарното собрание на БиХ и со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
Во текот на денот ќе биде приредена и средба на хрватската претседателка со кардиналот Винко Пуљиќ, надбискуп врвбосански и со високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко.
Вториот ден од посетата, четврток, ќе биде посветен на посета на средна Босна, манастирот Гуча Хора, фабрика во Нова Била, каде што е хрватската болница „Д-р фра Мато Николиќ“. Ќе го посети и Витез каде што ќе се состане со претставниците на тамошната локална самоуправа, потоа Католичкиот центар „Иван Боско“ во Жепча и Усор.
Во петок, Колинда Грабар-Китаровиќ ја продолжува службената посета во Тузла, каде што ќе го посети манастирот „Св. Петар и Павле“, по што ќе отпатува во Дервента и Орашје.