Fatjon Cuka
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ТИРАНА (АА) - Вицепремиерот на Р. Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес престојува во посета на Албанија, каде што се сретна со високи претставници на оваа земја, а во фокусот на средбите беа зајакнувањето на односите меѓу двете земји, соработката во рамките на процесот на европската интеграција, како и други прашања, пренесува Anadolu Agency (AA).
Османи се состана со албанскиот претседател, Илир Мета, со претседателот на Собранието на Албанија, Грамоз Ручи, лидерот на опозицијата, а воедно и претседател на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.
Во соопштението на Претседателството на Албанија се наведува дека за време на средбата меѓу Мета и Османи, албанскиот претседател го поздравил ратификувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на Собранието на Македонија. Според него, ова е еден чекор напред кон демократизација и зајакнување на патот на интеграциите на Македонија.
„Претседателот Мета укажа на важноста од целсното спроведување на Охридскиот договор, за почитувањето на правата на Албанците во Македонија и подобрување на климата на взаемната доверба меѓу Албанците и Македонците, во интерес на евро-атлантските интеграции на земјата“, се вели во соопштението.
Од друга страна, во средбата на вицепремиерот Османи со претседателот на албанското Собрание, Ручи, беше истакната важноста на посетите на високо ниво за создавање услови за понатамошен развој на билатералната соработка.
„За време на средбата беше нагласено интензивирањето на заедничките напори за конкретизирање на чекорите за соработка направени на првиот заеднички состанок меѓу двете влади во Поградец, со цел зајакнување на односите, завршување на инфраструктурните коридори, во енергетиката, за рушење на секакви бариери, како и за овозможување на една ефективна синергија за заедничката европска перспектива. Претседателот на Собранието (на Албанија) нагласи дека Албанија ќе продолжи цврсто да ја поддржува евро-атлантската интеграција на Македонија и повторно потврди дека 'ние ја споделуваме визијата на еден интегриран регион во евро-атлантските структури, бидејќи Балканот е еден интегрален дел на европската безбедност'“, се нагласува во соопштението на Собранието на Албанија.
Според соопштението, оценувајќи ја улогата на Албанија и на сите албански фактори за мирот и стабилноста во регионот, Ручи истакна дека во решавањето на прашањата кои му припаѓаат на регионот на Западен Балкан треба да се покаже зрелост, според него, преку дипломатските и политички механизми, за де се движи напред процесот на интреграција на регионот на Западен Балкан.