Dzihat Aliju
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) - Посетата на Босна и Херцеговина од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 20 мај предизвика голем интерес кај граѓаните на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Салих Уташ, претседателот на Сојузот на европски турски демократи (UETD), за АА изјави дека и за лица од Македонија организираат учество на 6. Редовен конгрес на Сојузот кој ќе се одржи во Сараево, главниот град на БиХ.
Уташ истакна дека покрај организации од Европа, на Конгресот свое учество ќе земат и организации од Балканот. Тој нагласи дека за организацијата претставува особена чест и задоволство што почесен гостин на Конгресот ќе биде турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Уташ додаде дека посетата на турскиот претседател на БиХ и учеството на Конгресот предизвикал голем интерес и кај граѓаните на Македонија, додавајќи дека добиле голем број барања и телефонски повици во канцеларијата во Македонија.
Тој рече дека канцеларијата во Македонија организира учество на Конгресот во БиХ. „Околу 50 автобуси со граѓани од Македонија се запишаа кај нас. Би сакал да истакнам дека од 2.000 заведени лица, 90 отсто се државјани на Македонија. Се надевам дека на 19. мај, по ифтарот, сите заедно ќе тргнеме на пат кон Сараево“.
Освен од Македонија, Уташ истакна дека на Конгресот ќе учествуваат и претставници од Србија, Санџак, Црна Гора, Албанија и Косово, сакајќи да му оддадат поддршка на турскиот претседател Ердоган и на турската држава.
Уташ потсети дека преку социјалните мрежи ги спровеле потребните соопштенија. „Оние кои заедно со нас сакаат да учествуваат на програмата во Сараево, можат да стапат во контакт со нас преку социјалните мрежи или преку Канцеларијата што ја има организацијата во Скопската турска чаршија“.
Претседателот на Сојузот на европски турски демократи, Салих Уташ, нагласи дека сите оние кои сакаат да бидат дел од програмата што ја организира Сојузот, тоа можат да го сторат со пријавување најдоцна до 18 мај.