Andelija Stojkovic
05 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Српската напредна странка, Александар Вучиќ вечерва изјави дека листата „Александар Вучиќ - Затоа што го сакам Белград“ на белградските избори освоила повеќе од 45 отсто од гласовите и оцени дека резултатот од изборите за Собрание на Белград е најдобар резултат кој оваа партија досега го имала во Белград, јавува Anadolu Agency.
„Мислам дека СНС без партнерите има апсолутно мнозинство во парламентот“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека гласањето изминало со најмалку инциденти и дека приговорите до Градската изборна комисија можат да се избројат „на прстите од една рака“.
Вучиќ рече дека СНС и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на изборите во Белград имаат повеќе отколку што заедно освоија на претседателсктие избори.
Според првичните проценки, СНС во Собранието на Белград ќе има 65 од 110 советнички места.
Според податоците на агенцијата Ипсос, според бројноста од 50 отсто, листата „Александар Вучиќ - Затоа што го сакам Белград“ освоила 45,1 отсто од гласовите на изборите за Собранието на градот Белград.
Според тие податоци, втора е листата „Драган Ѓилас - Белград одлучува, луѓето победуваат“ со 18,5 отсто, а трета е листата околу Александар Шапиќ, претседателот на општина Нов Белград со 8,9 отсто.
Само уште листата на Социјалистичката партија на Србија и Единствена Србија ја минаа границата од освоени 6 отсто.