Andelija Stojkovic
05 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
БЕЛГРАД (АА): Само четири листи на изборите за членови на Собранието на Белград го преминааа цензусот, а според податоците на Градската изборна комисија (ГИК), листата: „Александар Вучиќ - Затоа што ние го сакаме Белград“, освои 45,6 отсто или 64 мандати во Собранието на Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
ГИК ги изнесе податоците врз основа на 71,39 проценти обработени гласови. ГИК ги смета само потпишаните и внесените записници од избирачкото место.
Според тие податоци, листата „Драган Ѓилас - Белград одлучува, луѓето победуваат“, беше второпласирана со 18,71 отсто, или 26 мандати.
Третата е листата „Александар Шапиќ - градоначалник“, со 8,27 отсто или 11 пратеници, додека пак, четвртата е листата на Социјалистичката партија на Србија и Единствена Србија со 6,35 отсто, односно девет мандати.
Ниту една од другите 20 листи не го поминаа цензусот на белградските избори.
Претседателот на Градската изборна комисија, Зоран Лукиќ, синоќа рече дека изборниот ден поминал во најсовршен мир.
Најголемо изненадување на изборите во Белград е дека Демократската партија, која постои 28 години, не го помина цензусот.