Kristina Maslareviç
26 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Турскиот културен центар "Јунус Емре", во главниот град на Србија, Белград, е основан во мај оваа година, а пред сегашната локација во самиот центар на градот, до месец октомври се наоѓаше во Врачар. Официјалното отворање на Институтот е закажано за в понеделник, а тоа ќе го изведе премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, кој ќе престјува во официјална посета на Србија.
Институтот, како и во другите земји во светот, има две полиња на делување, односно ги подучува заинтересираните за учење на турскиот јазик и организира културни активности кои ја претставуваат Турција.
"Штом почнавме со активностите, во мај, започнавме со првиот курс по турски јазик, интересот е голем а тој тренд на пораст на интересот продолжува, во правец на бројот на ученици, кој пак порасна од периодот по преселувањето, што веруваме дека е поради сегашната локација", рече за Anadolu Agency (AA), директорот на Турскиот културен центар во Белград Селим Асланташ.
Како што наведе Асланташ, што се однесува до културните активности, веќе се прикажувани турски филмови, а организиран е и циклус предавања, во соработка со една институција од Србија, кои ги прикажуваат културните случувања во Османлиското царство и модериот свет.
"Во сето она што го работиме се крие нашата мисла водилка, а тоа е филозофијата на поетот Јунус Емре: 'дојдете да се запознаеме.' Како и во другите земји во светот и во Србија дојдовме со иста цел, да ја претставиме нашата култура, да се поврземе и да направиме културен мост кон Србија, и за понатамошна културна размена да создадеме добра културна поглога", наведе Асланташ.
Кога станува збор за идните планови, наставата по турски јазик за сите заинтересирани посетители повторно ќе започне во февруари, а Асланташ ги повика сите заинтересирани да се пријават, бидејќи рече дека "од Средоземјето па до Кина можете да патувате без проблем доколку го знаете турскиот јазик."
"Секако, кога учите некој странски јазик, не го учите само јазикот, туку и културата, се зближувате со некои народи и култури што е и најважно, ги разбивате предрасудите на тој начин", истакна Асланташ, наведувајќи дека токму тоа е една од целите на овој Институт:
"Планираме да бидеме домаќини на турски писатели чии дела се преведни на српски јазик, со цел да им ги претставиме на српските читатели. Освен тоа, неодамна бевме домаќини на претставата "Караѓоз и Хаџиват", која првенствено ја наменивме и ја прикажавме на студентите по туркологија и на професорите".
Институтот "Јунус Емре" е основан во 2009 година во Анкара, а името го добил по познатиот турски филозоф и поет Јунус Емре. Во Србија отворено е 39-то претставништво на овој Институт во светот, а во земјите од регионот се наоѓа и во Босна и Херцеговина, Македонија, Романија, Унгарија и во Црна Гора.