Bojana Stojanovic
04 Јуни 2021•Ажурирај: 06 Јуни 2021
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија денеска започнува производството на вакцината против коронавирусот „Спутник В“ на Институтот „Торлак“ во Белград, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според неговите зборови, производството ќе започне во 17:30 часот, со виртуелно присуство на претседателот на Русија, Владимир Путин, и него.
„Горд сум што успеавме да ја направиме оваа работа“, изјави, и додаде дека првите вакцини ќе бидат готови за неколку дена.
Тој зборуваше за компанијата „Рио Тинто“ и наведе дека доколку биде потребно, ќе се распише референдум дали треба да се започне со експлоатација на литиум, која ќе ја спроведува таа компанија или на ниво на општини или окрузи.
„Литиумот е нешто без кое не се може во овој момент, неопходен е за батериите за електрични возила, но е нешто што за 15 години ќе изгуби вредност. Доколку би го направиле тоа, целото Подриње и Западна Србија би процветале. Зборуваме за десетици милијарди евра“, изјави тој.